Трајанов во Гевгелија го претстави проектот борба против криминалот
Коалицијата за промени и правда вечерва во Гевгелија одржа митинг на кој ја промовираше својата изборна програма и го претстави проектот за борба против криминалот.
Како што најави претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, проектот предвидува формирање агенција за борба против организиран криминал која ќе работи на откривање на скриениот капитал од функционерите кој потоа ќе се конфискува и преку фонд што ќе го раководат граѓаните парите ќе се враќаат на народот, додека прекршителите ќе се санкционираат со забрана за извршување функции и политичко дејствување од најмалку 10 години.
Коалицијата За промени и правда смета дека Македонија треба да биде една изборна единица за, според Трајанов, Собранието да биде реален одраз на желбата на граѓаните и да се демонтира еднопартискиот систем.
Во врска со економскиот дел, лидерот на ДС најави изедначување на условите за работа на сите компании во земјава и вработување млади кадри, просечна плата од 300 евра и минимална пензија од двеста евра. Најави дека судската такса ќе изнесува само 100 денари, дека паричните казни ќе се намалат за две третини и дека администрацијата ќе почнува со работа од седум часот наутро.
На митингот во Гевгелија, освен Трајанов се обрати и носителот на листата за пратеници од ИЕ 4 Слободан Богоевски.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта