Живот
28. December 2018 - 19:05

Трагедија: Залутан куршум усмрти познат млад фудбалер

Данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен е убиен во Копенхаген од залутан куршум од огнено оружје, пренесува „Екстра Бладет“.
 
Поради убиството на 30-годишниот фудбалер, кој до неодамна настапувал  за данскиот Лингби, уапсени се две лица.
 
Биле Нилсен во својата богата интернационална кариера ги носел и дресовите на  екипите на Виљареал, Елче, Рајо Валекано, Росенбирг, Евијан, Лех, Панионис,  пред во октомври годинава да биде отпуштен од Лингби поради прекршување на законот и апсење.
 
За репрезентацијата на Данска, Биле Нилсен има одиграно три средби на кои постигнал еден гол.