Свет
9. September 2016 - 10:55

Трагедија: Воз излета од шините, најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа и неколку се повредени кога патнички воз излета од шините во провинцијата Галиција во Шпанија, соопштија локалните медиуми.

До несреќата дошло кога возот удрил во мост.

Возот патувал од градот Видо до Валенса со Мињо во Португалија.

Портпаролот на брзата помош потврди дека две лица го загубиле животот во несреќата.

Пред три години во Шпанија се случуи најтешката железничка несреќа во која загинаа 79 лица.

 

View image on TwitterView image on Twitter

 

View image on Twitter