-->
-->
Трагедија во струшко: Тригодишно девојче настрада во пожар во семејната куќа, почина на пат кон скопските клиники
-->
Вчера околу 11,00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници.
Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14,20 часот починала.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак