Балкан
2. July 2018 - 10:29

Трагедија во Смедерево: Капија уби дете (4)

Четиригодишно дете почина во Ургентиниот центар во Белград, откако врз него паднала капија од двор.

Трагедијата се случила во ул. Кирил и Методиј број 19 во Смедерево, во неделата навечер околу 18:20 часот кога паднала капијата од дворот на куќата сопственост на М.Ц.

Детето притоа се здобило со повреди од кои починало околу 21:30 часот во Ургентниот центар во Белград, објавија српските медиуми.