Џет-Сет
26. May 2016 - 20:40

Трагедија во семејството на Џенифер Анистон

Ненси Доу имала неколку мозочни удари по кои не можела да зборува ниту да се движи. Починала во осумдесетата година од животот во болница, каде ја однеле откако и се слошило.

Џенифер Анистон, која ја потврди веста за смртта, не комуницирала со мајка и пет години, но сакала да се смират па пред две недели конечно ја посетила.

Глумицата се лутела бидејќи Ненси во 2009. година објавила книга за нивниот однос.

- Многу сум тажна што јас и мојот брат Џон мораме да објавиме дека нашата мајка Ненси почина. Умре спокојно, опкружена со семејството и пријателите, изјавила глумицата за списанието Пипл.

Мајката на Џенифер беше глумица и манекенка. Два пати била во брак. Со таткото на Џенифер се развела кога глумицата имала 9 години.