Трагедија во Охрид: Холанѓанка (35) починала за време на нејзиниот годишен одмор
Уште една трагедија се случи во Охрид, жена почина во копмплекот Свети Стефан. Како што информираат од полицијата, од страна на лекар од Итната помош во 18.35 часот било пријавено дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство.
Увидна екипа екипа на Секторот за внатрешни работи Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата. Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација