Трагедија во Индија: Двегодишно дете пропадна во бунар, 82 часа траеше спасувањето, но не му го спасија животот
Двегодишно дете кое во петокот на југот од Индија падна во импровизиран бунар е пронајдено мртво. Утрово локалните власти од индиската сојузна држава Тамил Наду соопштија дека по 82-часовна акција го извлекле телото на детето во распадната состојба.
Малиот Суџит Вилсон паднал во 7,6 метри длабок напуштен бунар во петокот, но за тоа време се лизнал уште подлабоко и се верува дека бил на длабочина од околу 30 метри.
Детето паднало во бунарот додека си играло со другарите, пишува Би Би Си.
Официјални лица рекоа дека при спасувањето на детето користеле посебна опрема и дека на лекарскиот тим му “требале 45 минути да ја потврди неговата смрт и да напише посебен извештај.
„откривме дека неговото тело било во висок стадиум на распаѓање“, им рече денеска на новинарите локалниот службеник Тамил Наду Ј Радхакришан.
Телото на детето е испратено во болница на обдукција, а потоа предадено на родителите за погреб.
Бунарот всушност е дупка во земјата, без ограден и изѕидан дел, од кој се извлекувала вода.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ