Свет
2. July 2017 - 19:39

Трагедија: Три деца загинаа при пожар во бегалски камп

Три деца загинаа во голем пожар во камп на сириски бегалци во близина на градот Каб Елиас во Долината Бека во источниот дел на Либан, јави ДПА.

Според податоците на либанските власти, во пожарот биле уништени околу сто шатори. 

Во Либан се регистрирани над еден милион бегалци од Сирија, кои во најголем дел се сместени во кампови во Долината Бека во близина на либанско-сириската граница.