Македонија
8. December 2016 - 13:35

Трагедија на стовариште во Отља: Корпа од багер смачка работник

Вчера околу 14,00 часот во с.Отља-Куманово, во стовариште за градежни материјали „Еуро Химо“, сопственост на И.Ф., додека Љ.Ф. поправал работна машина (багер) која била во дефект, паднала корпата од багерот врз работникот А.А. (24) од с.Отља кој од здобиените повреди починал на лице место.
 
Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово.