Трагедија на патот Охрид-Кичево: Еден загинат и тројца повредени лица и две деца
Вчера во 19,55 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од А.К. (32) од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од с.Велешта-струшко, а со живеалиште во Р.Германија.
Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23,40 часот починал.
Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ - Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!