-->
-->
Трагедија на Олимп: Загина Македонец
-->
Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.
Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.
Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение
-
Почна со работа Центарот за обука на административните службеници
-
Државните спортски објекти се управувани од претпријатие кое престанало да постои во 2017, вели ДЗР
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници
-
Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има