Македонија
27. September 2017 - 13:47

Трагедија на македонските патишта - загина едно лице

Вчера во 10 часот и 45 минути на магистралниот пат Штип-Делчево, атар на село Истибања, виничко, се случила сообраќајна незгода во која теренско возило „Махиндра-Болеро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51- годишниот С.Б од село Облешево, општина Облешево-Чешиново, излетало од патот.

 Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што починал на местото на настанот.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Виница.