-->
-->
Трагедија на македонските патишта - има мртви и повредени
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила во село Седларево, едно лице загина а две се повредени. Како што стои во билтенот на МВР, - Љ.А.(34) од село Седларево, управувајќи патничко моторно возио „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки, синоќа околу 0:10 часот се излизгал од коловозот на локалниот пат село Групчин – село Седларево на влез во село Седларево, тетовско, удрил во дрво и се превртел.
Од здобиените повреди Љ.А. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници Ш.А.(37) и И.И.(23) се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза".
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски