-->
-->
Трагедија на автопатот Тетово-Скопје - животот го загуби 55-годишен велосипедист
-->
Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција. Несреќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.
- Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот