Македонија
30. August 2016 - 10:04

ТРАГЕДИЈА: Младо момче загина на Водно

Младо момче почина во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.
 
Во сообраќајката учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година. Тој со мотоциклот удрил во метални еластични браници.
 
По незгодата со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнал на повредите.