Трагедија: Камион утрово се преврте пред Велес - загина младо момче
23-годишен кавадарчанец загинал утринава во сообраќајна несреќа што се случила во близината на Велес.
Загинатиот бил возач на камион со приколка од марката „Сканија“, кој од засега непознати причини се излизгал од патот при што се прекршил, а едниот дел од возилото висело над провалија.
Сообраќајната несреќа се случила на влезот во градот од источна страна.
По несреќата, веднаш интервенирала екипа на итната медицинска служба, која успеала да го извлече возачот од провалијата и да го пренесе во велешката болница. Веднаш му била дадена прва помош, но поради сериозноста на здобиените повреди тој починал во болницата.
На местото на несреќата трае увидот во присуство на основен јавен обвинител и на екипи на СВР Велес. Од полицијата велат дека во текот на денот, односно по завршувањето на увидот ќе дадат подетални информации за причините на несреќата.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје