Трагедија кај Росоман: Во директен судар на две возила загина жена
Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила денес околу 12:30 часот во близина на Росоман.
-До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти лево на спротивната страна на патот. При тоа, возилото го пресекло патот на друго патничко возило марка Мерцедес, кое доаѓајќи од спротивната насока директно удрило во Форд Фиестата. Од ударот на лице место починало едно лице, патничка на Форд Фиестата, а повредени се возачот и совозачот, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, при што е издадена Наредба за вршење на обдукција на починатата, Наредби за прибирање на траги од лице место и сообраќајно техничко вештачење.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Департизација на јавниот сектор и да нема вработувања на партиски кадри
-
Над 20 спортски настани од 23-31 август во Охрид
-
Пожарите прават пустош во светиниколско
-
Голем пожар во Пехчево се приближува до првите куќи во градот
-
Со нови вработувања Владата ќе ги искористува ИПА фондовите
-
ВО ЖИВО: Спасувачка акција во Строиманци, ЦУК повикува на евакуација од селата
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ
-
Алармантно на терен, пожарот се шири кон кратовско и штипско откако направи пустош во Свети Николе