Македонија
29. October 2017 - 19:28

ТРАГЕДИЈА КАЈ ЃАВАТО: Излетал со мотор од патот, починал на пат кон болница

Околу 13,50 часот во СВР-Битола, било пријавено дека на регионален пат А3 Битола-Ресен, кај Ѓавато, бил пронајден повреден моторциклист, соопшти МВР.

На пат кон болница, во возило на итната медицинска помош, лицето починало.

Според информациите несреќата се случила така што моторциклистот излетал од патот и се здобил со повреди опасни по живот, по што починал.