Македонија
16. March 2018 - 11:13

Трагедија: Исчезнатата ресенчанка пронајдена мртва во водите на Лева Река

Вчера околу 07,30 часот во водите на реката во с.Лева Река-Ресен, пронајдено е телото на Б. Ј. (1954) од с.Лева Река, која на 14 овој месец била пријавена за исчезната.

Смртта ја констатирал доктор од Итната медицинска помош од ЈЗУ-Ресен.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Ресен, а по Наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.