Трагедија го потресе фудбалскиот свет: 20 годишен фудбалер почина на Бадник
Младиот португалски напаѓач на Боависта, Еду Фереира, почина на 20-годишна возраст.
На младиот Еду му беше дијагностициран рак во ноември минатата година и ја загуби својата битка со болеста денеска во болница во Порто.
Клубот излезе со официјално соопштение во кое се вели: „Еду си замина, но никогаш нема да не напушти“.
-Животниот натпревар е многу тежок, особено кога тагата ќе чукне на нашата врата, бидејќи загубивме едно од нашите деца. Ќе го посветиме овој ден да се потсетуваме на добрите времиња кои ги делевме. За нашата болка да се намалува од ден на ден, од денеска, неговото отсуство ќе го направиме во добри спомени и ќе се обидеме дополнително да ги засилиме врските во нашето семејство. Празнината која останува во нашите срца никогаш нема да биде исполнета. Денеска, има уште една ѕвезда на небото. Почивај во мир, Еду!, напишаа од португалскиот клуб.
Инаку, претходно клубот Боависта, иако се знаеше дека Еду Фереира е на прагот да си замине од овој свет, направи племенит гест и го продолжи договорот со младиот играч.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ