Македонија
6. December 2016 - 14:53

Трагедија: Го нашла сопругот во бунар - Починал на пат кон болница

Трагедија ја потресе Македонија кога вчера во 7 часот и 30 минути, прилепчанец почина на пат кон болница.

Како што информираат денеска од полицијата, се работи за 65-годишниот Љ.С. од селото Ерековци кој починал додека го носеле од селото до Општата болница во Прилеп. До трагедијата дошло откако несреќниот маж излегол од дома во 18 часот, по што му се изгубила трага.

Неговата сопруга Д.С. заедно со соседите се обидела да го најде, но бидејќи не успеала, околу 22 часот го пријавила случајот во полиција. Таа се јавила и рекла дека сопругот и исчезнал. За жал, во 06.00 часот сопругата го пронашла во бунар во нива во близина на нивната куќа и со помош на нивниот зет го извадиле од бунарот. Љ.С. бил во безсвесна состојба, неконтактибилен, со слаби витални знаци и премрзнат, со повреди на главата и рацете, но без знаци на насилство врз себе.

Истиот во возилото на Итна медицинска помош, при транспортот кон  болницата во Прилеп, починал, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Прилеп.