Свет
26. April 2017 - 9:37

Трагедија: Две лица загинаа по судар на бродови во Хрватска

Две лица загинаа, а по пет се трага, по тешката поморска несреќа во Хрватска, во која се судрија службен брод на Пристанишната капетанија Дубровник и гумен чамец. 

Министерството за море, сообраќај и инфраструктура соопшти дека службениот брод на Капетанијата, „Данче“ вчера во 21:20 часот по локално време се судрил во Колочепскиот канал со гумениот чамец со непозната регистрациска ознака, во кој имало деветмина угостителски работници со хрватско државјанство. 

Поморската несреќа се случила во моментот кога службениот брод бил анагажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Мљет, јави Хина.

Спасени се две лица со полесни телесни повреди, а две пронајдени лица се мртви. Интензивно се трага по останатите пет лица.