Македонија
1. February 2017 - 13:04

Трагедија: Дошол од Америка, умрел во хотел во Гостивар

Вчера околу 09.20 часот во Гостивар, во хотел пронајден е починат Ќ.Н. (61), државјанин на Р.Македонија и на САД, кој престојувал во хотелот од 19.01.2017 година.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Медицински центар Гостивар без видливи траги на насилство. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Гостивар. 

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција, по што е предадено на семејството за погреб.