-->
-->
Тотенхем славеше на гостувањето кај Манчестер Сити
-->
Екипата на Тотенхем оствари значајна победа над Манчестер Сити во трката за врвот на табелата во англиската Премиер лига.
На средбата од 26.коло одиграна попладнево во Манчестер, Тотенхем забележа победа со 2:1.
Тотенхем поведе со голот од пенал на Хари Кин во 54-минута, а домаќините израмнија преку Келечи Ихеначо во 74-тата. Победничкиот гол за гостите од Лондон го постигна Кристиан Ериксен на седум минути пред крајот.
Со освоените три бодови, како и по поазот на Лестер од Арсенал со 2:1, двете лондонски екипи сега се на само два бодови помалку од лидерот на табелата Лестер.
Покрај овие два натпревари денеска се одигра и средбата Астон Вила – Ливерпул во кој убедлива победа од 6:0 остварија гостинските фудбалери.
Табела: Лестер 53 бодови, Тотенхем 51, Арсенал 51, Манчестер Сити 47, Манчестер Јунајтед 41, Саутемптон 40, Вест Хем 40, Ливерпул 38..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот