Фудбал
29. September 2020 - 9:20

Тотенхем сака да го ангажира Рудигер

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, би можел да биде играч на Тотенхем, објави „Скај Спорт“.

Според изворот, Спарс имаат намера да ја завршат зделката за купување на 27-годишниот Германец пред да се затвори преодниот рок. Освен Тотенхем, за дефанзивецот се заинтересирани и ПСЖ и Барселона.

Во сезоната 2020/21, Рудигер сè уште не влегол на теренот.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.