Тошковски во посета на САЕ „Тигар“
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетил најелитната специјална единица во рамки на Министерството за внатрешни работи - Специјална антитерористичка единица „Тигар“, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи, соопштија од МВР.
Во кругот на единицата Тошковкси ја посетил и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
-Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас