Македонија
27. March 2024 - 12:23

Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека е сериозно загрижен за тоа каков изборен процес ќе имаме. Според него, алрамот го пали фактот што актуелната Влада не дозволува да биде променет првиот човек на полицијата во градовите кои што се клучни во шестата изборна единица, место кое во претходните изборни процеси се покажало како најпроблематично од аспект на регуларноста на избрниот процес. Токму во шестата изборна единица на референдумот беше поставен светски рекорд кога во гласачката кутија во едно избирачко место паѓаше по една гласачко ливче на секои 2 секунди.