Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот и корупцијата на новата влада истакна дека општоприфатено во јавноста е дека досегашните реализирани постапки и акции се повеќе од професионално спроведени низ целосниот институционален процес и очекува да ги има што повеќе во иднина.
-Основната задача на МВР и на Владата е борбата против организираниот криминал и висока корупција. Со цел да може да прикажеме вистинска борба со организираниот криминал и корупција. Досега се нема случено за два дена во две акции во едната да бидат уапсени над 10 државни службеници коишто вршеле злоупотреба на службена положба и овластувања и ги рекетирале своите граѓани, а веќе следниот ден да биде уапсена друга организирана криминална група која се занимавала со нелегална трговија со луѓе и други дела при што беше одреден притвор за тринаесет луѓе. За кратко време како МВР успеавме да реализираме оперативни дејствија и да креираме круцијална борба против организираниот криминал, истакна Тошковски.
Запрашан за најавуваните случаи за големи криминали од функционери на минатата власт, Тошковски истакна дека дејствијата коишто МВР ги презема граѓаните имаат право да ги знаат во оној момент кога степенот на сомнение биде на соодветно ниво коешто ќе се процесуира во насока на соодветни акти кон Јавното обвинителство и Судот, а притоа нема да може да ја загрози истрагата.
-Има огромен број на докази коишто македонските граѓани ќе ги видат процесуирани во соодветни постапки таму каде ќе има соодветни докажувања за елементи на сторени кривични дела. А такви ќе има многу. За да имаме законити постапки, и да ја оствариме целта која е во интерес на македонските граѓани, мораме да постапуваме согласно законите и во рамки на едни темелни истраги и процеси кои интензивно се работат да ги доведеме процесите до крај, нагласи министерот Тошковски.
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет