Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.
По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.
Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.
-МВР не било известено за таков настан. Таква информација до нас не е доставена. Согласно закон, пропишано е како треба да се обезбедува ваков настан ,рече Тошковски на денешната прес-конференција.
Од „прскалките“ започнале првите искри по што се запалил таванскиот простор и кровната конструкција.
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба