Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посетил дел од полициските службеници кои биле на терен за време на новогодишната ноќ.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Тошковски порачал дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедни и да ја поминат новогодишната ноќ во пријатна атмосфера, мирно и достоинствено и дека полицијата е присутна и будно ќе ја следи состојбата во насока на одржување на јавниот ред и мир.
- Огромна благодарност до македонската полиција, до секој еден македонски полицаец којшто моментално не е со своето семејство во својот дом, туку е на терен помеѓу македонските граѓани на местата каде што се прославува новогодишната ноќ. Покрај полициските службеници од сите сектори кои се на терен, имаме полициски службеници и од сообраќајната полиција како во рамки на СВР Скопје така и во рамки на сите останати Сектори за внатрешни работи низ Македонија. Присутни сме и контролираме, ќе бидеме будни како македонска полиција и ја користам оваа прилика да испратам апел до сите наши граѓани, посебно до оние кои оваа вечер ќе слават и ќе консумираат алкохол, да не управуваат моторно возило, како и да не користат пиротехнички средства кои што би можеле да нанесат повреди, изјавил Тошковски.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник