Топлотен бран во Австралија, температури над 40 степени
Југоисточна Австралија денеска беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги натера властите да забранат палење оган низ големи делови на Нов Јужен Велс.
Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември.
Премиерот Ентони Албанезе во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“.
-Ова е потсетник дека климатските промени не се шега, рече Албанезе.
Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство