Топло уште утре: УХМР најавува влажен и студен бран
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 30 Гевгелија, 27 Демир Капија, Струмица, 26 Скопје, Штип, 25 Прилеп, Скопје Петровец, Тетово, 24 Крива Паланка, Виница, Тополчани, 23 Берово, 22 Ѓуриште, 21 Охрид, 20 Пожаране, 19 Маврово, 18 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло, попладне во западните и северните делови со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб северозападен ветер.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Минималната температура од 1 до 9 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 4 / 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен ветер, кои ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.Во средa ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност