-->
-->
Тони Цетински ќе оди во затвор
-->
Општинското државно обвинителство покрена обвинение против Тони Цетински, а истото е потврдено. Сообраќајната несреќа во Ровињ во 2017 година во која настрадат пешак, покрај траума, за пејачот ќе донесе и затвор во случај да се докаже дека е виновен, и тоа во времетраење од 1 до максимум 8 години за ова кривично дело.
Според обвинението, Цетински предизвикал несреќа со смртни последици од невнимание кршејќи ги прописите за безбедност и сообраќај. Според одредбите на Казнениот закон, во случај со правосудна пресуда да му се докаже вината, му се закануваат од 1 до 8 години затвор.
Тони вели дека неизмерно жали поради тоа што се случило. но се труди и понатаму нормално да живее и да функционира, и покрај болката која ја нанел на починатиот 62-годишен Ибрахим Кевљанин.
Она што потешко ми паѓа од било каков судски процес, е осудата и јавниот линч за самиот факт дека сум учествувал во таква несреќа која остави длабока траума првенствено за семејството, но и на мене и моето семејство и покрај тоа што се трудам и понатаму да функционирам, да работа, да живеам, не е лесно но се мора – изјавил пејачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени