Томшиќ: Од октомври за студентите субвенција од 2.400 денари месечно за студентски оброк
Редовните студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, државјани на Република Северна Македонија ќе добиваат по 2400 денари месечно за субвенциониран оброк, во месеците кога се на настава.
– Министерството активно ги вклучи младите во креирањето на сите решенија кои се однесуваат за нив, преку работната група МОН-млади, во којашто учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци. И ова решение е резултат на партнерство со студентите, и тие се многу задоволни што ќе можат да купуваат во цела трговска мрежа, изјави советникот во Министерството за образование и наука, Душан Томишиќ во гостување во утринската програма на ТВ Сител.
Предвидено е околу 40.000 студенти да добиваат субвенција за студентски оброк, а за оваа инвестиција се издвоени околу 15 милиони евра од Буџетот на Министерството. Со оваа субвенција не се укинуваат оброците во студентските домови, туку претставува дополнителна финансиска помош за студентите.
Од МОН во денешното соопштение информираат дека паралелно ќе вложуваат и во унапредување на условите за живот во студентските домови.
Томишиќ истакна дека тек е набавка на опрема за кујните на студентски и ученичките домови, а во 2020 година заврши набавката за целосно опремување со мебел на блоковите В и Г на студентскиот дом Гоце Делчев.
– Во последна фаза е и изградбата на сосема нов студентски дом во Тетово. За студентските домови: Народен херој Орде Чопела – Прилеп, Кочо Рацин – Битола, Никола Карев – Охрид, Браќа Миладиновци – Штип, Томе Стефановски Сениќ – Скопје, Пелагонија-Скопје, Кузман Јосифовски Питу – Скопје и Стив Наумов – Скопје, ќе следи темелна реконструкција, додава тој.
За оваа намена веќе се обезбедени 25 милиони евра, од кои 20 милиони преку Германското министерство за економска соработка и развој и пет милиони евра грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP+) на ЕУ.
Ново на Сител
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина