Томас Бах ги повика владите да помогнат во обновувањето на спортот по пандемијата
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави дека помалку меѓународни натпревари би можеле да се организираат во иднина заради пандемијата од КОВИД-19. Во писмото до олимписките службеници, Бах го навел „финансискиот притисок“ врз организаторите и потребата тие сè повеќе да се усогласуваат со климатските промени.
– Можеби ќе треба да погледнеме повнимателно во ширењето на спортски настани, бидејќи сегашната криза ќе доведе до долга и длабока економска криза која ќе има сериозно влијание врз спортот“, рече Бах.
Тој посочува дека владите на одделните земји ќе треба да му помогнат на спортот да ја надмине оваа криза.
– Владите треба да го вклучат спортот во своите програми за економска поддршка. Само така, тој ќе може да се опорави на глобално ниво, рече Бах.
Поради пандемијата од КОВИД-19, многу спортски настани беа откажани или презакажани подоцна оваа година, вклучително и Олимпијадата во Токио, Европското првенство во фудбал, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.
Ново на Сител
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди