Македонија
15. October 2015 - 16:04

Тодоров: Во Драчево ќе се отвори инсулинска аптека

Во наредните десетина дена ќе биде отворена инсулинска аптека во населбата Драчево, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, кој заедно со премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беа во посета на скопската општина Кисела Вода. 

Аптеката ќе  опслужува околу 3 илјади лица кои во моментот  поради ова патуваат во други здравствени установи. 

На средбата со граѓаните од оваа населба министерот Тодоров ги информираше за повеќето активности кои се преземени во Поликлиниката Драчево, како и за идните планови кои се во насока на подобрување на функционалноста на Поликлиниката.