Тодоров: Преку бесплатниот мамографски скрининг откриени 6 случаи на карцином
Од 7 април годинава, во рамки на бесплатниот мамографски скриниг за рано откривање на карцином на дојка, досега се извршени 4.862 прегледи во вкупно 17 јавни здравствени установи низ цела Македонија. Од прегледаните 3.875 жени се со уреден наод, а 987 се упатени на понатамошно испитување за додефинирање на детектираната промена, информира денеска министерот за здрвство Никола Тодоров.
Тој нагласи дека упатувањето на натамошно испитување се прави врз основа на Упатството на медицина базирана на докази.
- Во зависоност од наодот 906 жени се испратени на ултразвучен преглед, 51 на дополнителни мамографски проекции, а 24 на биопсија. Досега, со извршените испитувања, се откриени 6 случаи на карцином на дојка и пациентките се упатени на хирургија, прецизира Тодоров.
Истакна дека тоа е во рамките на просекот на Европската унија каде на 1.000 прегледи се откриваат 1,5 до 2 заболени жени.
- Новина во рамки на овој проект е испраќање покани за бесплатен мамографски преглед на домашна адреса на жените. Од почетокот на неделава е предвидено да се испратат 1.452 покани на жени од Скопје, Битола и Струмица, со цел да направиме проценка на одѕивот и евалуација на техничките аспекти, а очекуваме во следниот месец да биде покриена целата територија на Македонија, рече Тодоров.
Посочи дека до матичните лекари ќе бидат доставени информации за начинот на кој треба да се обратат сите жени на возраст над 50 години за да ги проверат своите податоци. Тие доколку имаат интерес, ќе можат да го закажат својот преглед и пред да добијат писмена покана.
- Процесот на закажување е преку софтверското решение со кое автоматски се креираат покани до сите жени кои се дел од скринингот. Во поканата е наведен телефонски број од соодветен Центар за јавно здравје според местото на живеење, на кој треба да се јави жената за да го закаже својот преглед во рок од три седмици по добивањето на поканата. Сите податоци за одзивот, закажувањето на прегледи, резултатите, натамошните испитувања и се што е дел од мамографскиот скрининг ќе бидат забележени во во регистарот за скрининг. Мамографското досие преку заштитен пристап ќе биде достапно за жената и за нејзиниот матичен лекар и гинеколог, потенцира Тодоров.
Со мамографскиот скрининг се опфатени жените на возраст од 50 до 69 години, кои се асимптоматски (без симптоми на болест) и кои, согласно податоците од системот Мој термин, не направиле мамографска контрола во последните две години.
Ново на Сител
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот