Македонија
22. March 2021 - 10:30

„Титаник“ одложен поради изолација на член на Судечкиот совет, продолжува на 5 април

Денешното рочиште за предметот „Титаник“ се одложува поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Според соопштението, одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Маријан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.