Македонија
13. May 2019 - 9:11

„Титаник“ на СЈО одложен поради здравствени проблеми на обвинет

 
Денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде одложено поради здравствени причини на еден од обвинетите.
Како што соопштија од Основен суд Скопје 1- Скопје судењето е одложено заради отсуство на еден од обвинетите кој до судот доставил документација дека врз него е извршен оперативен зафат и истиот привремено нема да може да присуствува на судењето заради здравствени причини