Тинејџер сам го извел нападот во Казан, претходно го најавил на апликацијата Телеграм
Министерството за внатрешни работи на Татарстан денеска соопшти дека масакрот во училиштето во рускиот град Казан го извел еден тинејџер, кој е приведен. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот бил сам и немал соучесници. Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.
Иако локалните медиуми јавуваат за 11 убиени, според официјалните податоци напаѓачот уби осум лица, од кои седум се деца. Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.
– Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат, истакна Миниханов. Тој информираше и дека 16 лица лица се повредени, од кои 12 деца и четири возрасни, кои сега се во болница.
Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето а потоа ќе се застрела себеси.
Сепак, локалните медиуми наведуваат дека полицијата проверува и друга верзија – дека напаѓачот имал двајца соучесници, односно помагачи. Според извор од ФСБ наводно приведен е и 41-годишниот Мохамедшим Рамил, осомничен за помагање и поддршка на нападот.
Мотивот за нападот се уште не е познат.
Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.
Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.
Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Татарстан во спомен на жртвите.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико