Тим го елиминира Федерер на турнирот во Мадрид
Австриецот Доминик Тим ќе му се спротивстави на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако во возбудлива пресметка по тешка борба со 3:6/7:6(13:11)/6:4 го победи Роџер Федерер.
Тим, кому играта на земја му е специјалост, успеа да се врати од првиот лош сет за да го добие лудиот тај-брејк во вториот со 13:11, кога Австриецот спаси две меч-топки. Во третиот сет, Тим загуби еден брејк, но направи два за да ја запечати победата и дуел со Ѓоковиќ, кој претходно влезе во полуфиналето без меч по повлекувањето на Марин Чилиќ.
Федерер, сепак, може да биде задоволен од првиот турнир на земја по пауза од три години, иако солзите во очите при напуштањето на теренот можеби значат дека ова е негов последен настап на Мастерсот во Мадрид.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода