Тилерсон во ненадејна посета на Авганистан
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска допатува во ненадејна посета на Авганистан со цел да разговара со претседателот Ашраф Гани за новата стратегија на Вашингтон.
Американската Амбасада во Кабул соопшти дека Тилерсон повторил оти САД се посветени на соработката со Владата во Кабул и регионалните партнери за да се „постигне мир во Авганистан и да се оневозможи создавање сигурно место за терористите кои и се закануваат на таквата цел“.
Тилерсон и Гани се сретнале во воздухопловата база Баграм, северно од Кабул. Тоа е најголема американска база во Авганистан.
- Јасно е дека мораме да ја продолжиме борбата против талибанците и другите за да сфатат дека никогаш нема да дојдат до воена победа, изјавил Тилерсон по состанокот.
Ова е прва посета на Тилерсон како државен секретар. Таа е остварена неколку недели откако американскиот министер за одбрана Џејмс Матис престојуваше, исто така, во ненајавена посета на Авганистан.
Ново на Сител
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан