-->
-->
Тилерсон избришан од сајтот на Стејт департментот
-->
Името на Рекс Тилерсон целосно исчезна од интернет-страницата на Стејт департментот откако за викендот стапи во сила одлуката на претседателот Доналд Трамп за негова смена.
Линкот што води до „државен секретар Тилерсон“ на сајтот на Стејт департментот исчезна синоќа, а на негово место поставен е општ поим „државен секретар“.
Но, на интернет-страницата има информација дека заменик државниот секретар Џон Саливан стана „вршител на должноста државен секретар на 1 април 2018 година“.
Линковите кои водат до страницата со говорите, патувањата и другите настани поврзани со Тилерсон, сега се заменети со тие на Саливан.
Линкот кон биографијата на Тилерсон како 69. државен секретар отвора станица на која пишува „Жал ни е, страницата не може да биде пронајдена“.
Трамп го разреши Тилерсон со објава на Твитер на 13 март, а одлуката стана официјална вчера, на 31 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка