Тилерсон денеска во посета на Украина
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска ќе престојува на посета во Украина, со цел да ја потврди поддршката на САД за државата што се бори против корупција и проруските активисти во источниот дел на земјата.
Тој со украинскиот претседател Петро Порошенко ќе се состане по само 48 часови, откако присуствуваше на првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Тилерсон е во еднодневна посета на Киев во момент кога САД ја испитуваат можноста за преземање на поголема улога во напорите што ги предводи Европската унија со цел окончување на тригодишните судири во источниот дел на Украина.
Американскиот државен секретар допатува во Киев за помалку од три недели, откако Порошенко го посети Вашингтон и со состана со Трамп, барајќи гаранција за понатамошната посветеност на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО