ТикТок избриша над половина милион видеа поврзани со војната на Блискиот Исток
ТикТок објави дека отстранил повеќе од 500.000 видеа и затворил 8.000 преноси во живо поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, неколку дена откако ЕУ предупреди дека има обврска да се бори против нелегалната содржина.
„Од 7 октомври отстранивме повеќе од 500.000 видеа и суспендиравме 8.000 преноси во живо во погодениот регион поради прекршување на нашите политики“, објави ТикТок на својот блог вчера, додавајќи дека ги засилил своите тимови за контрола на содржината, кои сега се повеќе од 40.000 луѓе.
Оттаму додадоа дека соработуваат со организации за проверка на факти, вклучувајќи ја и новинската агенција АФП, на повеќе од 50 јазици и дека ангажирале повеќе модератори кои зборуваат арапски и хебрејски.
Брисел во четвртокот ја предупреди кинеската социјална мрежа, која е популарна кај младите луѓе, дека има обврска да се бори против нелегалната содржина и лажните информации според Европскиот закон за дигитални услуги (DSA).
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%