Тијана за Тоше: Денес е еден од најтажните денови, а вечерва мора да пеам
На денешен ден, пред осум години, Балканот беше потресен поради смртта на Тоше Проески, пејачот со ангелски глас, кој почина во 26 – та година од животот.
Зад себе остави армија луѓе чии срца ги исполнуваше со неговата музика и појава, помеѓу кои се и бројни колеги кои и ден денес со тага во глас поради неговото загинување зборуваат за скромното момче со раскошни потенцијали од Македонија.
Пријателката на Тоше пејачката Тијана Дапчевиќ се присетила на нивното пријателство и кажала дека неговата смрт е најтешкиот ден во нејзиниот живот.
-Денес е еден од најтажните и најтешките денови во мојот живот, а морам да пеам. Не можете да замислете како ми е – кажала пејачката која вечерва настапува во Сараево и продолжила: Тоше беше мој близок пријател, а кога замина тој, почувствував дека загубив некој род роден. Не поминува ден да не помислам на него, особено кога сум во Скопје и кога ќе поминам покрај местата каде се дружевме, пеевме и забавуваме. Мојата кума Весна и јас го викавме бајадера, тој беше моето бајадерче-кажала Тијана за српските медиуми.
-Најжално е тоа што не ја исполни својата мисија пред да го напушти земскиот живот. Тој е пратен на земјата да лекува и да ги исполнува луѓето со неговата појава и песна, а милиот господ веројатно го земал за на него да му пее, друго објаснување нема. Се додека се сеќаваме на него, додека го спомнуваме и ги пееме неговите песни, Тоше ќе живее- заклучила Тијана.
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет