Loading Video...
Кошарка
7. July 2022 - 12:51

ТФТ против тимот на Кочов во квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите

Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија, екипата на ТФТ Скопје го дозна противникот во квалификациите за фибината Лига на шампиони 
 
Германската екипа Кемниц Најнерс, во која работи македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, како помошник тренер, ќе биде противник на ТФТ во првата елиминациска рунда во Лигата на шампионите на ФИБА. 
 
За влез во групната фаза тимот од скопската населба Тафталиџе ќе мора да мине дури три противници. Доколку ТФТ го совлада Кемниц, во второто коло би играл против швајцарскиот тим Фрибург Олимпик, а во третото бе се сретнал со подобриот од дуелите меѓу Лестер и Волунтари односно Тофаш.
 
Квалификациите се играат од 21 септември, а групната фаза во ЛШ стартува на 4 октомври.