Loading Video...
Спорт плус
26. October 2020 - 13:41

Тежок испит за Универзитет Тетово на гостувањето против Вардар

 
Третото првенствено коло во машкиот македонски одбојкарски шампионат ќе биде заокружено вечерва со средбата меѓу Вардар и екипата на Универзитет Тетово. 
 
Тоа ќе биде дуел на две од трите екипи кои досега имаат перфектен „скор“ . Имено екипата на Џио Струмица која во ова коло го победи составот на  Јанта Волеј со 3:0 во сетови, е лидер на табелата со максимални девет бодови и без загубен сет. 
 
Вардар и Универзитет Тетово исто како и струмичани немаат загубено сет во првите два меча, па оттаму вечерашниот дуел ќе биде и дополнително интересен. 
 
Македонското одбојкарско дерби меѓу Вардар и Универзитет Тетово ќе се игра во СЦ „Кале“ во Скопје, а почетокот на мечот е од 20 часот и 30 минути.