Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува пет отсто
Граѓаните ќе можат повторно да поднесуваат барања за приватизација на градежно земијште, а стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Како што рече министерот, направени се законски измени кои ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.
- Министерството за финансии подготви законски измени со кои на граѓаните повторно им се дава можност да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште. Рокот за поднесување барање беше истечен во декември 2014 година и во меѓувреме граѓаните не можеа да поднесуваат барања. Сега барања ќе може да се поднесуваат повторно, заклучно декември 2021. Исто така, за да се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година, рече Тевдовски.
Министерот посочи дека во изминатиот период имало барање од повеќе граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација на земјиштето да се продолжи рокот. Исто така, во интерес на граѓаните е продолжено важењето на повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан.
Како што истакна министерот за финансии, со законските измени за приватизација на градежното земјиште се предвидува и пролонгирање на одредбата за утврдување на кирија за оние кои не го приватизирале. Исто така, се пролонгира рокот за поднесување на барање за трансформација на корисничнкото право во право на сопственост заклучно декември 2022 година.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период